Уметник го прикажува контрастот помеѓу двата света во кои моментално живееме
Уур Галенкуш е дигитален уметник од Истанбул кој создава потресни колажи преку кои го прикажува контрастот помеѓу двата света во кои моментално живееме. Уметникот има за цел да го прикаже целиот спектар на проблеми што влијаат врз денешните деца, вклучувајќи ја сиромаштијата, гладот и трговијата со деца.
Целата неправда во светот го инспирирала да објави книга со наслов „Паралелни универзуми на децата“. Книгата ја зема Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата, спроведена од 1990 година, како нејзина основа, со цел преку овие 50 колажи да се пренесат основните права што секое дете треба да ги има, без оглед на нивните околности или географија. Тој се надева дека неговата книга ќе инспирира промена на свеста кај возрасните, повикувајќи ги да ги остават зад себе алчноста и егото за да го направат светот подобро место за децата на денешницата. Оваа книга е посветена на сите деца во светот: сиромашни или богати, во развиени земји или неразвиени земји, образовани или необразовани.
За повеќе фотографии продолжете на следната страница…