Уметничките слики насликани на човечкото тело
Кога се работи за уметност, трпението е доблест. Придонесот на Чедвик Греј за уметноста е огромен. Телото на Греј се користи како платно на кое неговата пријателка и колешка, Лаура Спектор, црта извонредни слики со помош на специјална театарска шминка на база на вода, која се произведува во Берлин, Германија. Уметничкото дуо по потекло е од Њујорк, но моментално работи во Тајланд. Нивната 15-годишна соработка не вклучува само боди арт, туку и постојана потрага по контроверзни слики низ музеите ширум светот. Греј и Спектор ги посетиле Националната галерија во Атина и Музејот на Викторија и Алберт во Лондон само за да дојдат до слики кои се скриени од јавноста за проектот наречен „Музејска анатомија“. Но работата на Греј не е воопшто лесна. Тој тврди дека поминал повеќе од 800 часа во улога на неподвижно платно. Признава дека повеќечасовното седење е вистински предизвик заради што понекогаш запаѓа во состојба на транс. За време на еден перформанс, Греј морал 4 часа да ја држи левата рака над главата, после што потребни биле 4 дена за да почне повторно да си ја чувствува.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.