Уметнички слики изработени со жица
Автор: Весна Јовановска
Премногу електронски апарати во домот, неизбежно водат до безброј испреплетени жици на кои не можете да им го најдете крајот. Овој проблем, очигледно го има и графичкиот дизајнер Кристоф Ниман. Тој изработил креативни слики со жици, инспирирани од секојдневието. На ваков начин Ниман одлучил да го сподели проблемот со останатите.Ниман се шегува дека само еден телефонски повик е доволен за да му предизвика проблем, бидејќи кога разговара на фиксниот апарат, речиси секогаш несвесно игра со жицата и ја претвора во клопче.Но, вистинскиот хаос е под работното биро, вели тој. Таму се испреплетуваат преку 30 различни кабли, кои не знаете ниту каде почнуваат, ниту каде завршуваат.Ужасно е чувството кога треба да замените некој од нив. Ако сакате да извлечете еден, за да поврзете друг, е тогаш нервозата кулминира. Во тој момент немате ни трошка милост за кабелот и го повлекувате агресивно, со што неизбежно го уништувате. Еве еден предлог на Ниман, како да го избегнете ова и сите завршетоци на каблите да ви бидат на видик. Ова нема да ви го реши проблемот, но ќе го ублажи.Далеку од решение сте и ако помислите на продолжените кабли, со неколку приклучоци. Дизајнерите прават сè поголеми и поголеми адаптери, така што, на кабел со шест приклучоци, вие може да приклучите само три апарати. Ова уметникот го споредува со невнимателните луѓе, кои предизвикуваат нервози и турканици во метроата.Овој проблем Ниман го увидел и кај музичарите. Па и за нивната мака одлучил да раскаже преку едно од уметничките дела.Ваквиот хаос би можел да се надмине со безжичната технологија, но и тука Ниман гледа проблем. Се шегува дека ако предметот не му е приклучен во струја, тогаш лесно ќе го изгуби.Да се надеваме дека идните генерации нема да се соочуваат со овој проблем.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.