Уметнички сцени во ролни од тоалетна хартија
Француската уметничка Анастасија Елија која најчесто црта и создава илустрации, започнала еден необичен проект, во кој трансформира ролни од потрошена тоалетна хартија во исклучително креативни уметнички дела.Сече мали парчиња од хартија и ги забодува во процепи во внатрешноста на ролната. Така таа ги создава овие неверојатно слатки, малечки сцени сместени во ролни од тоалетната хартија, кои секојдневно ги фрламе во ѓубре.
„Еден ден погледнав во ролната од потрошена тоалетна хартија и се запрашав дали можам да направам нешто со неа.“

Фризерски салон
Анастасија вели дека за изработката на една сцена ù се потребни неколку часа работа поради тесниот обем на ролната.

Лулање
„Се служам со пинцета за да манипулирам со разните хартиени облици. Користам иста боја хартија како бојата на ролната. Тоа создава илузија дека фигурите произлегуваат од самата ролна.“.

Далеку на север: ирвас

Далеку на север: був

Боксување

Реновирање

Риболов

Фудбал

Танго

Зоо

Жирафа во Зоо

Снег

Пазар

Пружање алишта
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
bravoo!
Prekrasno!