Уметнички дела полни со силни бои и емоции
Во последниве неколку години Леонид Афремов стана многу познат со својот уникатен стил на цртање и неговите прекрасни уметнички дела нè инспирираа повторно да објавиме дел од неговата најнова работа.
За својата уметност тој вели:
„Јас сум професионален артист и цртам со мастило и палетно ноже на платно. Уметноста е мојот живот и цртам секој ден. Ме прави среќен кога гледам како луѓето уживаат во моите дела. Бог ми дал дарба и поради тоа му изразувам благодарност така што секој ден цртам.“
„Пробав многу видови на техники за време на мојата кариера, но посебно се заљубив во цртањето со мастило и палетно ноже. Секое дело е резултат на долг процес на цртање, секое платно настанува преку креативна потрага, секоја слика изобилува со мојот внатрешен свет. Секоја од моите слики носи различно расположение, бои и емоции.“
„Обожавам да ја изразувам убавината, хармонијата и духот на овој свет во моите слики. Моето срце е целосно отворено кон уметноста. Поради тоа, од дното на мојата душа уживам да создавам инспирирачки и прекрасни уметнички дела. Секое мое дело ги рефлектра моите чувства, сензитивност, страсти и музиката од мојата душа.“
„Вистинската уметност е жива и инспирирана од хуманоста. Верувам дека уметноста може да ни помогне да се ослободиме од агресивноста и депресијата.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.