Уметница создава реалистични портрети на животни со помош на камчиња!
Уметниците најчесто како материјал за сликање користат платно или дрво. Но, тоа не е случај со јапонската уметница Акие Наката која своите мајсторски вештини ги прикажува со помош на малите камења и карпи. Таа на магичен начин ги трансформира мазните камења во преслатки животни како мачки, кучиња и птици. Уметницата ја црпи својата креативност токму од обликот на каменот кој е најчесто со големина на дланка. Така, асиметричното камче е вешто насликано да личи на синооко маче кое ја навалува главата настрана.
Откако ги погледнавте овие преслатки уметнички дела, можеби ќе сакате да погледнете и како уметник креира неверојатни мозаици со камчиња насекаде низ Тајланд.
Извор: mymodernmet.com