Уметница создава мали ремек-дела на вистински школки
Веројатно сте забележале дека сè повеќе и повеќе модерни уметници го заменуваат обичното платно со помали, неочекувани предмети. Во оваа група спаѓа и артистката Мери Кенјон од Калифорнија која користи вистински школки.
Таа ги исцртува школките и создава декоративни парчиња накит кои изгледаат како древно богатство пронајдено во некои остатоци од потонат брод. Таа ја наследила љубовта кон уметноста од нејзиниот татко, кој бил талентиран сликар и гравирал кожа.
„Откако почина ме остави со неговите маслени слики, акрилни слики, платна, кожа и стотици алатки за кожа. Тоа што бев опкружена со толку инспирација и креативност е она што ме одведе на овој пат во мојот живот.“
Неверојатните винтиџ дезени на Мери се направени со пренесување на слика врз школката со техниката декупаж. Потоа таа рачно ги исцртува деталите со златна боја и додава тродимензионални елементи, како Сваровски кристали. Од самовили и сирени, па сè до пауни, секоја школка изгледа како да ѝ припаѓала на некоја богата дама од 17-тиот век.
Продолжува на следната страница…