Уметница преку везење создава надреалистички пејзажи на Земјата и вселената
Уметницата Јулија Кришчик преку везење создава надреалистички пејзажи инспирирани од чудата на вселената и природата. Таа ги спојува живописните градини и тивките сини потоци со шарени галаксии и универзуми. Секоја нејзина композиција е поделена на половина помеѓу земната оаза на дното и магичниот универзум на врвот. Кришчик намерно ги спојува овие два елемента за да создаде чувство на интимност во нејзините дизајни.
„Идејата за универзалната врска е голема инспирација за мене. Ништо на светот не функционира само по себе. Сè во универзумот е поврзано во некаква мрежа. Моите дела ја отсликуваат оваа идеја – тоа е еден вид алегорија за тоа како јас го доживувам универзумот преку моите раце и очи“, вели Јулија.
Во продолжение погледнете ги нејзините преубави дизајни.
Доколку ви се допаднаа овие преубави дизајни, ви препорачуваме да погледнете и како уметница користи суво лисје како неконвенционално платно за везење птици.
Извор: mymodernmet.com