Уметница од Украина прави неверојатни трансформации на кукли
Во светот полн со нереални стандарди и Фотошоп манија, природната убавина е како свеж воздух. Додека некои луѓе се осудуваат да ги споделат своите фотографии на Инстаграм без какви било обработки, Олга Каменетскаја создава неверојатни кукли кои изгледаат премногу реално.
Олга е уметница од Украина која почнала да ги пребојува куклите како хоби. Но со текот на времето ова се претворило во нејзина професија.
Таа користи кукли кои се произведуваат масовно, како на пример Барби, и ги претвора во нови и уникатни модели.
Сите тие имаат некакви „недостатоци“, исто како и вистинските луѓе. Таа не само што ги пребојува, туку ја модифицира нивната форма и користи перики.
„Не сакам кога лицето на куклата е идеално и совршено симетрично. Тоа ја прави безживотна.“
„Секогаш оставам по некој недостаток кој можеби другите нема да го забележат, но ѝ дава на куклата невидлива харизма. Можеби оваа несовршена убавина е пораката што ја носат моите кукли.“
Погледнете ги останатите фотографии од нејзините ремек-деласледната страница…