Ултрамодерни лебдечки ламби
Спојот на традиционалниот, вообичаен дизајн и модерната технологија е скоро по правило добар рецепт за уште подобар производ. Ламбите дизајнирани од страна на двајцата партнери од компанијата Light Light, Angela и Ger Jansen, се уникатни бидејќи буквално дел од нив лебди во воздухот. Ова е овозоможено благодарение на електромагнетните компоненти и софистицираниот контролен систем. На овој начин, ламбите со својот дизајн евоцираат спомени од минатото, додека истовремено технологијата сугерира нивно користење во иднината.
Има два модели од овие ламби, „Silhouette“ и „Eclipse“.
Дизајнот на првата е базиран на класичната столна ламба. Таа го одразува контрастот помеѓу ултрамодерната технологија што ја користи и нејзиниот старовремски изглед.
„Eclipse“ е вториот модел кој изгледа волшебно кога се гледа одозгора. Нејзината правилна форма и рачно обликуваната стаклена подлога ја прават волшебно стилска и софистицирана.
Ако планирате да купите некоја од ламбиве, бидете подготвени да платите 1.300 долари.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.