Уличен уметник ги претвора дупките на патот во шарени мозаици!
Дупките и пукнатините на тротоарите честопати бодат во очи, особено доколку се работи за убава урбана улица. Така, со текот на времето тие се претвораат во „лузни“ кои се претвораат во карактеристичен пејзаж на градот. Сепак, уличниот уметник Емемем, познат како „хирург на улиците“ ги лечи овие лузни така што ги претвора во шарени мозаици.
Тој ги пополнува дупките на патот и пукнатините на ѕидовите на градските јавни простори со разноразни материјали како керамика, дрво и битумен. Неговите дела се карактеристичен знак за калдрмисаните улици и распуканите тротоари на неговиот роден град Лион, но неговата уметност е присутна и во други градови како Париз, Мадрид, Барселона и Милано.
Откако ги погледнавте овие неверојатни мозаици, можеби ќе сакате да погледнете и како уметник креира необични мозаици со портрети инспирирани од африканската култура.
Извор: mymodernmet.com