Уличен уметник црта лажни сенки за да ги збуни луѓето
Ако се прошетате во Редвуд, Калифорнија, можеби ќе помислите дека нешто не е во ред. Обрнете внимание на сенките. Забележете како чудно се однесуваат. Сандачињата за пошта се претвораат во чудовишта, а од местата за велосипеди излегуваат цветови.
Овие чудни сенки се дело на Дејмон Беланџер, графички артист кој живее и работи во Сан Франциско. Тој бил замолен да направи 20 вакви сенки за да ја донесе креативноста во градот. И навистина успеал во тоа.
„Сенките им даваат жив дух на обичните секојдневни предмети, а луѓето може малку да се забавуваат“, изјавил артистот.
Тој користи креда за илустрацијата, а потоа ја бои сенката со сива боја. Погледнете го неверојатниот резултат.
Погледнете и дел од најубавата улична уметност.