Претходно
Уличен артист ги трансформира старите згради низ светот во уметност
Датум: 20 јан 2016
Коментари: 0
Францускиот артист Џулиен Маланд, уште познат како „Seth Globepainter“, создава колоритна улична уметност насекаде низ светот. Неговите поголеми уметнички креации и мурали обично покажуваат деца и содржат многу бои. Маланд често соработува и со другите локални и светски артисти, па неговите дела знаат да бидат и контекстуални.
Маланд е активен уште од 90-тите години и има издадено 2 книги за своите патувања и својата уметност. Последната книга носи наслов „Extramuros“ (Екстрамурос) и го прикажува неговото „сликање на Земјата“ кога патувал низ земји како Индија, Кина, Мексико, Индонезија и Виетнам.