Украсете го домот со овие необични растенија во форма на медузи

Украсете го домот со овие необични растенија во форма на медузи

Сукулентите станаа многу популарни растенија во украсувањето на ентериерот и екстериерот, особено затоа што не им треба толку многу внимание како на другите растенија. Освен тоа, тие имаат различни форми, бои и големини. Шармантни сукуленти можете да ги претворите и во мали морски ремек-дела, па овие симпатични медузи станаа дел од многу градини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah’s Succulent Corner (@succulentcornermom) on

Сè што ви треба е висечка корпа за растенија, почва за садење и најмалку два вида сукуленти. Едниот вид можете да го насадите на дното на корпата, така што растението ќе паѓа слободно, а другите насадете ги во почвата на горниот дел од корпата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LANIPOTS (@lani.pots) on

Иако сукулентите се сметаат за неуништливи растенија, тие ќе ви дадат до знаење ако ги одгледувате погрешно или ако не им ги овозможувате барем основните услови за живот. За да уживате во нивната убавина, пред садењето набавете земја што е мешавина од компост и песок со малку глина за да може водата да истекува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marie Trostler (@emtdesign) on

Внимавајте на сувите лисја и редовно отстранувајте ги. Најдобро е да ги наводнувате со пумпица и тоа на секои две недели. Без разлика дали ги чувате надвор или внатре во домот, најдобро е да не ги изложувате на директна сончева светлина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by gillyjackson (@gillyjackson) on

Можете да им давате прихрана од почетокот на пролетта сè до есента затоа што сукулентите растат во тој период од годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJ & M by Carla Askew (@succulentjoy) on

Погледнете како да го транформирате просторот со помош на растенија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар