Уф, колку е убав светот…
Ова е еден од оние кратки филмови кои со секој свој кадар се обидуваат да ви кажат дека светот е преубав. Филмот се вика „Света Земја“ (Terra Sacra) и претставува колаж од фотографиите на канадскиот фотограф Шон Вајт. Тој има работено за многу познати медиуми, како на пример „National Geographic Channel“, „Discovery Channel“, „History Television“, „BBC“, „Outside Magazine“ и многу други. Многубројните патувања биле дел од неговите ангажмани, па во текот на кариерата направил многу фотографии кои сега ги споил во овој прекрасен филм.Фотографиите се направени во последните шест години, од 2006 до 2012 година, во 24 земји на сите седум континенти. Во колажот има спектакуларни пејзажи од Австралија, Боливија, Антарктикот, островот Сокотра, Камбоџа и многу други, надополнети со некои од најубавите антички споменици. Пуштете на цел екран и уживајте!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.