Убави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домот
Италијанскиот дизајнер Клаудио Ското изработил линија на карактеристичен мебел со специјален дизајн инспириран од најчесто употребуваните фонтови од страна на дизајнерите. Со неговата работа, тој ги пренесува овие фонтови од професионалниот во домашниот амбиент.
Неговата линија наречена „Decor Type“ ги извлекува карактеристиките на буквите од листот и ги трансформира во функционални елементи за домот.
Секое парче мебел содржи една или повеќе букви од фонтовите: Arial, Times New Roman, Garamond и други.
За дизајнерите, луѓето кои имаат свој омилен фонт, или оние кои едноставно сакаат да бидат опкружени со букви и зборови, линијата на Ското ќе им овозможи да покажат впечатлив стил во домашното внатрешно уредување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.