Трендови на Инстаграм за уредување на детската соба
Ако го реновирате домот, тогаш дефинитивно вреди да ѕирнете на оваа социјална мрежа и да ги откриете популарните бои и актуелните трендови што креативните лица и професионалците ги објавуваат на своите профили. Кога станува збор за новите трендови, токму ова е најдобриот начин да пронајдете идеи што ќе ги имплементирате во вашиот простор. Креативците кои се активни на оваа социјална мрежа честопати се чекор понапред и можат да ви дадат преглед на идеите што допрва доаѓаат, па ако се подготвувате да ја декорирате детската соба, може да најдете инспирација во нивните решенија.
View this post on Instagram
Тапети
Тапетите можат на генијален начин да ја пополнат просторијата и да внесат живост без да треба да ја оптоварувате со дополнителни парчиња.
Бохо стил
Во последните неколку сезони, детските соби во бохо стил полека станаа најпопуларни, барем кога станува збор за Инстаграм. Ратан, плетени детали и неутрални, земјени бои – сето тоа се вклопува во простории инспирирани од бохо стилот.
Унисекс соби
Родово неутралните простории стануваат сè попопуларни, односно собите за девојчиња не се украсени само во розова боја, а оние за момчиња во сина боја. Родителите го пренесуваат стилот на целиот дом и во детската соба, а деталите како што се играчките ќе откријат чија е просторијата.
Земјени бои
Ако не сте голем љубител на бохо стилот, земјените бои во уредувањето се само еден од неговите елементи што можете да ги имплементирате. Беж и кафеавите нијанси можат многу убаво да се комбинираат со други бои и да создадат топла оаза.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете ги овие 10 докази дека пастелните бои ја претвораат дневната соба во оаза на мирот.