Транспарентна метална црква
Архитектите Pieterjan Gijs и Arnout Van Vaerenbergh, се партнери кои заеднички инсталираат нови креации насекаде низ Холандија. Овој пат станува збор за серија од метални цркви, секоја од нив изработена од по 100 слоја метални плочки во висина од 10,3 метри.Интересното кај оваа црква е тоа што зависно од кој агол ќе биде погледната се менува нејзината видливост, па така доколку ја гледате под прав агол, може и да не ја забележите. Кога сонцето заоѓа, низ отворите на црквата влегуваат сончевите зраци и создаваат спиритуално чувство.Употребата на челик како главен материјал за изработката на оваа црква е во директна релација помеѓу религијата и државата. Како што минуваат годините, црквите во Холандија имаат сè помалку посетители, па дел од нив повеќе и не функционираат. Преку градењето на овие цркви од челик, тие ја нагласуваат важноста и потребата од трајноста на овие згради. Нивната идеја со транспарентноста на градбата е да се пренесе пораката дека иако понекогаш нешто не може да биде јасно видено, не значи дека не постои.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.