Тотално безопасно оружје

Тотално безопасно оружје

Природата знае да биде опасно место за живеење, особено ако недоволно ја познавате или почитувате. Австралискиот уметник Соња Ренч (Sonia Rentsch) е очигледно во клубот на нејзини почитувачи, со оглед на тоа што ја искористила за да испрати уникатна порака за мир, a опасното да го претвори во безопасно. Изработила пиштоли, гранати и куршуми од растенија, кои совршено ја доловуваат нивната форма. За секој дел од оружјето, избрала соодветен дел од природата.
(1) Тотално безопасно оружјеУникатната уметност на Соња ја фотографирал Алберт Компер (Albert Comper). Ако ве интересираат и другите дела на Австралијката, слободно ѕирнете во нејзиното портфолио, секако откако ќе ги разгледате овие фантастични парчиња современа уметност. Со ова модерно и безопасно оружје, Соња може брзо и лесно да ве „разоружи“. 🙂(2) Тотално безопасно оружје(3) Тотално безопасно оружје(4) Тотално безопасно оружје(5) Тотално безопасно оружје(6) Тотално безопасно оружје


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар