Топло и разиграно: Есенски украси со класови пченица
Есента е период од годината кога можеме да го украсиме нашиот дом со прекрасни украсни детали бесплатно. Со веќе познатите есенски лисја, гранки и есенски плодови, зошто да не се обидете да направите некои промени оваа година и да му дадете поизразен изглед на вашиот сезонски декор? Тоа е прекрасна декорација која доаѓа директно од полето, а во последно време се почесто ја гледаме во домовите – пченицата. Пченицата за многумина е драг материјал за украсување на домот, нè враќа во детството и безгрижното играње на село.
Прекрасната златна боја на класовите пченица може да создаде многу импресивен изглед во просторот и да го збогати со своето присуство, а можете да ја користите сама или во комбинација со лисја, костени, шишарки, тикви и сите други есенски плодови.
Вашиот нов украс можете да го прикажете во стаклена вазна, плетена корпа, керамички или порцелански сад, метални кофи, дрвени кутии или други соодветни садови и да ја украсите скоро секоја просторија во домот.
Прочитајте ги овие едноставни трикови со кои можете да создадете пријатна есенска атмосфера во домот.