Тетоважите изгледаат одлично и на постара возраст, и овие луѓе се доказ за тоа!
Станува збор за интересен фотографски проект, познат под името „TattooAge. Never too old.“ (Тетоважи и години. Никогаш не сте престари). што вклучува 25 постари луѓе со тетоважи во својата дневна соба. На овие фотографии, тие ги покажуваат своите тетоважи и ја споделуваат приказната зад нив – од подарок од внук, до сеќавање за изгубена сакана личност. Некои од нив дури и ја ставиле првата тетоважа на 80-годишна возраст.
Тие исто така објавиле и книга со истото име. Покрај фотографиите, таа вклучува и материјал за учење што може да им биде интересен и на академската заедница. Се зборува за значењето на тетоважите, за искуството и животните лекции што луѓето ги научиле, како справувањето со загуба, стареење…
Луѓето често претпоставуваат дека тетоважите се прават само на млада возраст и дека потоа не изгледаат добро, откако кожата ќе остари. Но, со овој проект, не само што дознавате зошто луѓето ги одбрале токму тие тетоважи, туку ќе сфатите и дека годините воопшто не се важни. Всушност, вие никогаш не сте престари за тетоважа!
Ви се допаднаа видеата? Погледнете дел и од фотографиите од овој проект!
Јан
Крис
Кор
Албертина
Џек
Риек
Јан
Томас
Ребха
Тоос
Ханс
Прочитајте и за овие 8 тетоважи со прекрасни, но срцепарателни приказни.