Тату артистка ги рекреира познатите уметнички ремек-дела во форма на тетоважи
Тату артистката Ева Карабудак му дава ново значење на терминот „уметност на телото“. Со години, талентираната уметница ги тетовира познатите уметнички дела на кожата на своите клиенти. Малите, но детални тетоважи прикажуваат некои од највлијателните дела од западната историја на уметноста – од „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог, па сè до „Врисок“ на Едвард Мунч. Во секој дизајн, Ева ги доловува емоциите на делото, како и пристапот на уметникот со цел да ја оживее сликата.
Ева е позната по тоа што експериментира со тетоважите што ги прави. Претходно правела и тетоважи со „везени“ дезени, а сега со овие уметнички дела ги поместува границите на уметноста на тетовирањето. Дали би сакале да направите ваква тетоважа?
Продолжува на следната страница…