Татко црта забавни цртежи на кесињата за сендвичите на синовите
Масачусетскиот графички дизајнер Дејвид Лафериер дефинитивно ги научил неговите деца да уживаат во својот ручек. Во изминатите 5 години тој им црта смешни цртежи на кесето во кое потоа им го пакува сендвичот за на училиште. Тој употребува маркери од фирмата „Sharpie“ за неговите оригинални цртежи и вели дека разните чудовишта, црви и роботи му се омилени за цртање. Тој ја фотографира неговата работа, а децата не го гледаат артот додека не дојде одморот за ручек во училиште. Тринаесетгодишниот и петнаесетгодишниот син на Дејвид досега изеле над 1100 креативни оброци, кои се дел од фотосеријата „Sandwich Art“ (Уметност на сендвич).
Овој забавен татко го обожава предизвикот секојдневно да смислува некоја нова идеја.
„Го правам ова за моите деца уште откако беа малечки. Тие ги обожаваат кесињата и ништо не ме прави посреќен од нивната реакција на крајот од денот“.
За да ја документира неговата работа засекогаш, децата ги враќаат кесињата дома, а Лафериер ги скенира, создавајќи дигитален фајл, којшто може да се печати. Доколку ви се допаѓаат, ѕирнете го неговиот профил со слики на Фликр, за да видите уште повеќе од овие откачени илустрации.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.