Танцот на златните светулки
На овие магични фотографии можеме да видиме илјадници златни светулки, кои се направени со користење долга експозиција, а се објавени на блогот Digital Photo.Светулките се фотографирани на различни локации во јапонските префектури Манива и Окајама, во периодот помеѓу 2008 и 2011 година.Фотографиите се направени непосредно после бурна дождлива сезона во периодот јуни-јули, кога светулките се собираат на куп за да се парат.Најверојатно чувството е волшебно да се биде помеѓу толку голем број златни, светкави инсекти, а креаторите на овие фотографии успеале тоа чувство да ни го пренесат во еден уникатно спакуван облик, кој ги одмора очите и душата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Приказно е !