Танц во воздух
Понекогаш наидуваме на фотографии кои едноставно кажано не тераат да потскокнеме од радост. Проектот на њујоршкиот фотограф Џордан Матер т.н. „Танцувачите меѓу нас“ го постигнува токму тој ефект. Овој проект Џордан започнал да го работи пролетта, 2009, со артисти од „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“, кои изведуваат неверојатни движења во воздух, без трамбулина или други слични помагала кои го засилуваат телото при скок. Проектот го работел една година, а фантастичните фотографии кои се направени на различни локации во Менхетен, едноставно се резултат на стотици часови напорно вежбање..
Идејата за овие фотографии ја добив кога гледав една од изведбите на танцувачите во „Училиштето за танцување на Пол Тејлор“. Бев импресиониран од чудесната комбинација од уметност и атлетика која ја имаат во себе танцувачите. Тие се посветени и ангажирани околу вежбањето на движењата и надвор од нивните проби и изведби – тоа е нивен начин на живот.
.
Во фотографиите танцувачите се обидувам да ги прикажам како најобични луѓе. Ги фотографирав далеку од нивната сцена како ги извршуваат нивните секојдневни обврски танцувајќи. Работата на овие танцувачи говори за моќта на живеење на животот со страст. Ако целосно се внесеш себеси во нешто, што е твое ќе си дојде.
.
Размислував за рецесијата и како таа се одразила на талентираните луѓе кои можеби ја изгубиле нивната работа. Дали сè уште ќе работиш како танцувач, ако не си платен за твојата изведба? Или дали сè уште ќе бидеш готвач ако немаш кујна во која ќе готвиш? Станува збор за луѓе со неверојатен талент кои чекорат по улиците и ги рекламираат нивните способности секојпат кога ќе посакаат. Танцувањето е неизоставен дел од нив и тие секогаш ќе бидат танцувачи.
.
Бев вџашен од талентот кој го поседуваат танцувачите на Пол Тејлор и благодарение на еден мој пријател успеав да дојдам до овие момци и девојки, кои дојдоа и ми го ставија на располагање нивното слободно време за овој проект.
„Танц во воздух“ е насловот на постот, името на проектот е во втората реченица од истиот.
зарем не уживаш во убавината на сликите, смислата и позитивноста на постот, туку тебе тоа ти дошло на памет дека името го промашиле? па пост е, како сака ке го именуваат, битно е наведен изворот на информацијата, а тебе најбитно ти бесе името дека го утнале, БРАВО!
Одличен проект! посебно ми се допаѓа 11тата слика, со дечкото кој јаде смоки
Насмешна ми е таа со чадорот 😀
хахаххаха мене ми е најсмешна сликата со дечкото во автобус хахаххахахахаа (може и јас да го изиграм тој танц)