Претходно
Талентирана млада артистка користи секојдневни објекти за да ги надополни своите илустрации
Артистката Кристина Веб, која живее во Нов Зеланд, не се ограничува само на хартијата врз која твори. Таа користи цвеќиња, салати, па дури и шпагети со цел да ги состави нејзините прекрасни илустрации. 19-годишната девојка успеала да стане славна на Инстаграм, со скоро 2 милиони следбеници кои уживаат во нејзината уметност. Таа исто така неодамна објавила и книга, нејзината прва, со наслов „Color Me Creative“. Погледнете дел од нејзините дела кои нема да можете да престанете да ги гледате токму поради нивниот надреален ефект…