Талентирана мејкап артистка се трансформира во страшни чудовишта и фиктивни ликови

Талентирана мејкап артистка се трансформира во страшни чудовишта и фиктивни ликови

Елса Реи Пејџлер е артистка со многу таленти. Таа е режисер на видеа, продуцент, Фотошоп експерт и мејкап артист за ликови. Но, од сите овие нешта таа најголема страст чувствува за последната работа која мора да признаеме дека ја завршува со исклучителен талент и неверојатен фокус на деталите.

Талентирана мејкап артистка се трансформира во страшни чудовишта

„Ова го правам помалку од една година и искрено не знам точно од каде дојде. Немам професионален тренинг, но може да се каже дека имам диплома од Јутјуб,“ вели младата артистка. „Сега за сега, тоа функционира одлично за мене. Забавно ми е да го цртам моето лице и многу сум благодарна на поддршката која досега ја добив.“

Талентирана мејкап артистка се трансформира во страшни чудовишта

Погледнете ја нареднава колекција од нејзините најневеројатни трансформации. Едноставно не можете а да не се запрашате, каде ли исчезнуваат нејзините фацијални карактеристики?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар