Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Криси Спаркс од Бирмингам е 33-годишна фотографка и сопственичка на фото студио по име „The Doll’s House“. Нејзиниот талент е посебен, бидејќи таа успева да ги претвори обичните жени во модели кои заслужуваат да се најдат на насловните страници од најпознатите списанија. За период од 3 години, таа им направила фотосесии на повеќе од 1.300 клиенти. Нејзините фотографии се навистина неверојатни!

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Криси објаснува дека сите жени кои доаѓаат на почетокот се нервозни, но таа заедно со нејзиниот тим навистина се трудат да создадат пријателска и пријатна атмосфера за да ги опуштат.

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

„Многу жени сакаат да имаат убави фотографии во прекрасно опкружување и облека за нивно сопствено задоволство што им помага да си ја зголемат самодовербата“, објаснува Криси.

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Ова е Лаура. Повеќето луѓе веројатно нема да ја препознаат нивната сосетка или колешка од оваа фотографија. Наместо тоа, сигурно ќе претпостават дека е некоја филмска ѕвезда.

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

„Верувам дека со помош на вистинската поза, светло и стајлинг, можам да го извлечам најдоброто од женската убавина. Ние им помагаме на жените да се видат во најдобро можно светло“, изјавила Спаркс.

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

За оваа талентирана фотографка најголемо задоволство ѝ претставува моментот кога ќе ги види жените среќни и задоволни од крајните резултати. Токму затоа вредат сите потрошени часови и огромната посветеност на работата.

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Талентирана фотографка ги трансформира обичните жени во вистински супермодели

Криси Спаркс успева да докаже дека секоја жена е убава на свој начин. Нејзината мисија е од големо значење, бидејќи им ја враќа самодовербата на нејзините клиентки и ги поттикнува да го засакаат сопственото тело и физички изглед.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар