Талентирана докторка создава неодоливи скулптури од ориз кои можат да се јадат
За некои луѓе, храната која изгледа слатко е повеќе од тренд кој заминува… Таа е начин на живеење! Оваа докторка, поточно дерматолог и артистка за храна која живее во Тајланд, создава неодоливи ликови од ориз кои можат да се јадат. Таа обликува разнобојни топчиња ориз, создавајќи карактери од саканата поп култура.
Чинијата е игралиште за Пјупан, но таа многу сериозно ја сфаќа нејзината уметност со храна. Доколку подобро ги анализирате нејзините дела, ќе сфатите дека таа обрнува неверојатно многу внимание на деталите – ниту едно зрно ориз не делува како да е надвор од своето место. Погледнете дел од нејзините одлични оризови скулптури…