Талентиран тату артист ги претвора носталгичните спомени во уникатни тетоважи
Аликан Горгу, познат и како PigmentNinja, е тату артист од Турција кој ги претвора неговите клиенти во подвижни фото албуми. Тој користи стари фотографии како скица и им ги тетовира на луѓето спомените што сакаат да ги овековечат на нивните тела. Притоа, тој користи многу уникатен стил што го нарекува „Ретро Минимал“.
„Завршив факултет по фотографија. Можев да издржам само 3 месеца со професијата што ми ја овозможи дипломата. Работев како продавач во првото тату студио 3 години. Но, морав да почнам да заработувам за живот. Морав или да најдам работа од 9 до 17 или да се посветам на тетовирањето“, објаснил тој.
„Ја поврзав мојата универзитетска диплома со тоа што сакав да го работам. Ги цртав постерите на филмовите што ми се допаѓаа и успевав да ги пренесам на кожата на луѓето. Ја усовршив мојата оригинална идеја и почнав да работам со старите фотографии на клиентите. Неверојатно е чувството кога тетовирате фотографии што биле направени на различни места ширум светот и во различно време“, открил тату артистот.
„Така на пример, имам тетовирано семеен портрет направен во Мексико во 60-тите, но и портрет на американско семејство од 80-тите. Работам на мал простор и ги сведувам деталите на минимум, за да ја задржам суштината на фотографијата и да ги пренесам спомените на кожата“, изјавил Горгу.
Продолжува на следната страница…