Таа се движи на мистериозни начини
Замислете да погледнете во моделката на фотографијата и наеднаш таа да ја сврти главата на другата страна. Тоа е можно во кинемаграфиите на Мајк Левис, кои претставуваат статични фотографии со подвижни елементи.Во овие подвижни фотографии ненадејно се придвижува одреден дел од сликата, како косата на моделката која се вее на имагинарниот ветар, работ на здолништето или некој аксесоар, а во некои таа си заминува од рамките на фотографијата, за потоа повторно да се врати во првобитната положба. Стајлингот во овие фотографии е стегнат и изразито црн, дело на стилистката Џоана Плиско. Ваквиот изглед е спој на романтична готика и античка хералдистичка острина, кој одлично ѝ прилега на моделката. Со благо подигната коса и усни во темна нијанса кои го заокружуваат нејзиниот целосен изглед, таа во овие кинемаграфии навистина се движи на мистериозни начини.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.