Светот превртен наопаку
Британскиот фотограф Колтон Морис гледа на светот низ една поинаква перспектива – обратно од сите останати луѓе. За неговата несекојдневна фотосерија т.н. „Upside“ тој не се служел со Фотошоп и никакви трикови. Тој едноставно создава рамнотежа на неговото тело, со помош на главата. И за да биде уште посмешен, тој решил да стои на глава на најнеочекуваните места, на улици, во паркови, во када, па дури и во ВЦ шолја.Сѐ во врска со овој негов проект е забавно, интересно, а очигледно е дека и поседува одлична смисла за хумор. Морис ги одведува неговите набљудувачи на патување во неговиот свет, во кој тој го истражува реновирањето на новиот дом на неговата сестра и зет, софата на неговиот пријател во Антверпен, Белгија и пријателствата кои ги склучил во текот на неговото патување во Индија. Добиениот резултат е тотално реален, неверојатен, а уште поинтересно е што тој воопшто не се служи со никакви компјутерски трикови, за да ги долови забавните моменти во секоја фотографија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.