Светот погледнат низ капка вода
Иако овие фотографии личат како да се дел од скапа маркетиншка кампања, сепак станува збор за дела на еден макрофотограф, кој фотографира капки вода. Талентираниот Брајан Валентајн, кој е пензиониран и има 61 година, ги прави овие интересни фотографии, ставајќи слики од магазини зад листовите со капки во неговата градина. Една слика од телефонски именик на која има две рипки, тој успева да ја претвори во аквариум..
„Отсекогаш сум бил заинтересиран за макрофотографија и многу ми се допаѓаше идејата да замрзнам момент преку капка вода. Долго време се имам обидувано да начекам добра прилика, сè додека не сфатив дека е полесно да ставам слика зад капката.“
.
„Ми се допаѓа овој вид фотографии бидејќи се многу популарни и мислам дека имаат надреален квалитет. Изгледаат како модерна уметност. Потребно е многу време за да се усовршат овие фотографии, но јас сум во пензија па имам доволно време да се обидувам и да експериментирам.“
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.