Светло дрво во домот: Нов тренд во 2021 година што му дава ведрина на ентериерот
Трендот во уредувањето на домот што луѓето го пречекаа со раширени раце е светлото дрво, кое ќе преовладува во дизајнот на ентериерот во 2021 година. Светлото дрво освојува на прв поглед и му дава свежина и ведрина на просторот.
Светлите бои внесуваат светлина и убаво расположение во домот, а тоа ни е сега потребно повеќе од кога било. Прекрасен начин да се постигне овој ефект е да се користи светло дрво. Акцентите како што се ѕидните облоги, мебелот или украсните додатоци може да бидат направени од светло дрво како јасен, даб, бука или бор.
Дрвото изгледа топло и естетски многу привлечно во комбинација со бел мебел, но и со детали во други светли бои. Природните, необоени површини ја нагласуваат природната удобност, но сепак му даваат убава софистицираност на просторот.
Во 2021 година, мебелот од ратан ќе биде голем тренд, па и тоа е одличен начин да внесете светло дрво во домот. Во продолжение ќе најдете инспирација за уредување на вашиот дом со мебел од светло дрво.
Погледнете како оваа година да ја вклопите бојата берија во вашиот дом.