Светлината која ѕирка од прозорците на куќите
Француската артистка Ен Лор Мизон направила доста интересна фотосерија во вечерно време. Инспирирана од светлината која наѕирнува низ прозорците и вратите на разните домови, таа решила да ги фотографира и потоа дигитално да ги спои, креирајќи фантастично блескави куќи, кои зрачат со топлина и љубов.
„Топлината која ја создава некое одредено светло, светкавиот блесок од телевизорот, делчето од уметничката слика која наѕирнува… Сите овие детали ја разбудија мојата имагинација и беа инспирација за мојата работа. Додека зјапав во овие прозорци, сакав себеси да си прераскажам некаква приказна. Ги ловам овие интимни моменти и потоа градам структури со помош на мојата фантазија.“
Прередувајќи ги фотографиите и креирајќи конструкции кои се дело на нејзината фантазија, Ен формира интимен простор употребувајќи ги само надворешните прозорци и врати, кој успева на еден интересен несекојдневен начин да ја прикаже домашната атмосфера во вечерно време.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.