Свадбена торта во форма на паун со долг опаш од колачиња

Свадбена торта во форма на паун со долг опаш од колачиња

Многупати досега сме имале прилика да видиме десерти кои се премногу вкусни за да би ги јаделе, а оваа торта од пекарата Малици Кејкс не е исклучок.

Свадбена торта во форма на паун со долг опаш од колачиња

Инспирирани од љубовта на невестата кон пауните, сестрите пекарки Малици направиле уникатна торта која претставува своевидна уметност од храна. Како што се гледа од сликите, таа се состои од два дела: телото на паунот поставено на трикатна кружна торта и шарени пердуви кои се спуштаат надолу по неа и продолжуваат на масата во вид на колачиња декорирани со пердуви кои и самите се јадат.

Сѐ на тортата е рачно изработено, а потребни биле околу 3-4 часа за да се направи и уште толку за да се подготват колачињата и пердувите. Вистинска јадлива уметност!

Свадбена торта во форма на паун со долг опаш од колачиња

Погледнете го и ова: Слаткарка прави воодушевувачки торти што изгледаат како да се везени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар