Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом
Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.
Неговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.
После 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.
Откако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ееех парите шо можат да напрат ха бе
кој било нека е немора да е дизајнер, архитект само кеш и се е можно!