Страста сокриена во бакнежот

Страста сокриена во бакнежот

Како ли еден фотограф може да ги „улови“ страсните, чисти и невини бакнежи на лудо заљубените парови? Прашајте го Мајкл Креј, кој работејќи заедно со уште еден моден фотограф Ринз Ван Бруг и модниот стилист Кит С. Вашингтон, создале прекрасна серија фотографии со љубовна тематика за списанието Метропоп.Страста сокриена во бакнежотФотографиите се направени во една вечер низ Њујоршките улици, а најинтересниот факт во врска со нив е дека, девојките се професионални фотомодели, а мажите кои ти ги бакнуваат не се. Мајкл смета дека вистинската страст не може да биде форсирана, па за фотографиите ги повикал вистинските момчиња на манекенките.Страста сокриена во бакнежот.

„Секогаш сум сметал дека една од најтешките работи во оваа професија, е да ги насочуваш луѓето да прават нешто што не им е удобно да го прават. Најмивме модели, но само женски. Машките на сликите се нивните слатки момчиња.“

Страста сокриена во бакнежот.

„Не ги натеравме да го прават ова. Тие тотално уживаа во работата и повеќе се забавуваа од нас. Заљубените парови се бакнуваа околу 20 минути, додека Ринз и јас ги менувавме аглите и светлината. Беше доста секси и на моменти слатко. Ние требаше само да го создадеме вистинското расположение за секоја сцена со помош на осветлувањето и да го фотографираме вистинскиот момент.“

Страста сокриена во бакнежот.

„Најверојатно најинтересните моменти беа кога стилистот Кит С. Вашингтон, мораше цело време да „влетува“ на сцената, за да ја поднамести облеката на љубовните партнери кои страсно се ‘бореа’.“

Страста сокриена во бакнежотСтраста сокриена во бакнежотСтраста сокриена во бакнежотМагијата на љубовта е навистина фантастично доловена во овие фотографии. А самиот бакнеж е една бескрајна приказна за младоста и лудоста.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар