Претходно
„Страшно“ здрава храна: черепи од овошје и зеленчук
Датум: 24 авг 2012
Коментари: 0
Кој вели дека здравата храна не е страшна и дека витамините не касаат? Погледнете ги само овие черепи издлабени во јаболка, модар патлиџан, зелки и лубеници, изработени од рускиот уметник Димитри Цикалов (Dimitri Tsykalov), па потоа тврдете го претходното. 🙂 Шега на страна. Во овие необични и по малку морбидни дела на Русинот, кој живее и твори во Париз, се крие длабока и силна порака до нехуманото општество: стоп за уништувањето на храната и гладот во светот.Инаку, Цикалов е познат и по неговите зајадливи уметнички дела изработени од месо, чија цел е да го вклучат алармот против злоупотребата на животните.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.