Стари, неупотребливи книги трансформирани во прекрасен и екстравагантен накит
Лондонскиот артист Џереми Меј на старите и неупотребливи книги им дава ново руво и нов начин повторно да оживеат, овој пат во форма на скулптури и уметнички дела кои можат да бидат носени во форма на накит. Тој ги трансформира и преобликува текстовите и илустрациите од книгите во модерни прстени, белегзии, ѓердани и многу други слични предмети. Нивниот слоевит и колоритен дизајн воопшто не наликува на книгите и публикациите од кои потекнуваат, напротив, накитот изгледа како сјаен и стилски моден додаток кој воодушевува со различните форми и облици.
Меј го практикува истиот прецизен процес на изработка за секое ново парче. Најпрвин, оди до книжарниците и набавува стари книги кои повеќе не можат да се употребат за нивната оригинална намена. Потоа, внимателно ги отстранува страниците и ги спојува една врз друга. Откако ќе ја обликува хартијата во мали скулптури кои веќе полека почнуваат да наликуваат на накит, Меј додава малку сјај и како финален чекор, повторно ги става во просторот од каде што ги создал. Тој ги продава овие модели на својот официјаленвеб-сајт, како и во неколку продавници и ателјеа низ светот.