Стари куфери како платна за сликање носталгични спомени
Сепија тоновите се одлични за додавање носталгични ефекти, но оваа серија нуди нешто повеќе од само изглед на стара фотографија. „Куфери на спомените“ (Memory Suitcases) е навистина оригинална фотосерија на израелскиот уметник Јувал Јаири која прикажува спомени од „некое друго време“ насликани на стари куфери наместо на платна.
Сликите имаат некоја сентиментална позадина која веднаш се чувствува, како кога копаме низ старите фотографии на нашите родители и гледајќи ги нè фаќа блага носталгија за времињата кои поминале. Старите куфери само додаваат интересна димензија на целиот проект, како синоним за местата кои ги поминале и спомените кои ги „чувале“ со текот на годините.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.