Стари книги трансформирани во хартиени чаши и чинии
Шведската артистка Сесилија Леви пронашла нов начин како да ги користи старите книги и стрипови. Наместо да ги фрла, таа се одлучила да ги трансформира во прекрасни хартиени уметнички дела. Таа пред да започне да се бави со уметноста, била книговезец и токму нејзината поранешна работа ја инспирирала да ѝ пристапи на литературата на еден сосем поинаков, оригинален и креативен начин.
Можеби звучи непријатно за сите љубители на книгите и нивната вредност, но ретко кој може да остане рамнодушен на рачно изработените уметнички творби на Сесилија и секој ќе се согласи дека нејзините дела се всушност еден мил и убав тестамент за литературата. Таа најпрвин започнала да експериментира со 3Д хартиени објекти во 2009-тата година. Оттогаш има создадено различни чаши и чинии и секогаш бара стари, неупотребливи книги кои ќе ги трансформира во едни нови и уникатни форми кои ќе продолжат да ги раскажуваат нивните приказни.