Стар швајцарски замок претворен во луксузен хотел
Хотелот „Dolder Grand Hotel“ се наоѓа во Цирих, Швајцарија и е еден од најпрестижните во светот. Замокот е дизајниран од страна на Сер Норман Фостер, направен e во 1898 година, а реновиран во 2008 година.
Во хотелот има 173 прекрасно уредени соби и апартмани. Убедливо најинтересни апартмани, се четирите чиј ентериер е инспириран од познати личности, кои во минатото имаат престојувано во овој замок. Интересен пример е апартманот „Carezza“ инспириран од познатиот швајцарски уметник Алберто Џиакомети.
Исто така, хотелот поседува импресивен спа-центар, еден од најдобрите во светот, со посебни зони за мажи и жени. Хотелот се наоѓа на половина час возење со автомобил од аеродромот во Цирих, а едно ноќевање ќе ве чини нешто повеќе од 500 американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.