Стапала vs. шепи
„Feet & Paws“ е серија фотографии преку кои Алекс Бекер се обидува да ни прикаже една поинаква перспектива за поврзаноста на кучињата со нивните сопственици. Фотографирал шепи и стапала во паркови и по тротоари, низ различни делови на Мајами.Инспирација за оваа серија фотографии му била пудлица што ја сретнал при прошетка во еден од локалните паркови. Го замолил сопственикот да му дозволи да ги фотографира нејзините шепи, веднаш до неговите нозе. За овој случаен проект тој вели дека по малку му наликува и на модна споредба. 🙂Без разлика дали сте љубители на кучиња или не, веруваме дека овие фотографии ќе изнудат барем блага насмевка на вашите лица. 😉
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.