Станче во Париз во кое оптимално се искористени неговите 16 м2
И порано сме виделе станови со мала квадратура кои се уредени паметно и со вкус. Но овој стан од само 16 м2 навистина воодушевува, особено што целиот тој простор е всушност поранешна бања од еден поголем простор за живеење. За уредувањето заслужни се архитектите Марк Бајаржо и Џули Нобусет.
Во станот се употребени некои несекојдневни дизајнерски решенија кои се креативни и инспиративни. На пример платформата која ги дели дневниот престој и кујната има неочекувана примена – го крие креветот или софата, во зависност од моменталните потреби на неговите станари. Скалите кои водат до кујната пак, умешно го кријат просторот за складирање, што е многу практично за брзо средување на собата.