Спомени…
Во животот се случуваат секакви работи. Некои моменти се убави или неубави додека траат, но не се доволно моќни за да се врежат во нашата меморија. Таму ќе се задржат само оние највпечатливи сцени од нашите животи. Спомени… Колку повеќе старееме, толку во поголем број ги имаме. Уметникот Чарлс Питерсон посветил цела серија цртежи токму на спомените и ја нарекол „Колекција од спомени“. Додека ги создавал овие цртежи, Чарлс се повикал на неговите сопствени спомени, па можеби токму затоа секој набљудувач може да ги разбере и да пронајде дел од неговиот живот во нив. Овие уметнички дела му овозможуваат на набљудувачот да се наврати назад во среќното и безгрижно детство и да се присети на вкусот на мајчината пита, на пливањето во вештачкото езерце, на нежниот глас на баба му…За да го постигне ефектот на избледени човечки фигури, уметникот употребува комбинација од светла, проѕирна позадина. Луѓето повеќе личат на духови, бидејќи некои од нив можеби не се повеќе помеѓу живите, но тие засекогаш ќе останат да живеат во нашите спомени и срца. Збирката спомени на Чарлс Питерсон во себе вклучува 60 цртежи, кои станале толку многу популарни во Америка што морале да се репродуцираат за продажба. Американското издание на списанието „US Art Magazine“ го вклучило името на Чарлс во топ 10 претставници на националната печатарска индустрија.