Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
За голем број фотографи, правењето фотографија со двојно виножито е навистина редок и неочекуван подарок. Не само што треба да бидете на вистинското место во вистинското време, туку потребно е да го имате и вашиот фотоапарат на дофат, за да не го пропуштите колоритното шоу приредено од природата.
При двојното виножито, два паралелни лака од разнобојна светлина се појавуваат истовремено на небото. Вториот свод кој е сместен над првиот има обратен распоред на боите. Тоа значи дека наместо да се распоредени црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината, индиго-бојата па виолетовата, на вториот лак боите започнуваат од виолетовата и продолжуваат со индиго-боја, сина, зелена, жолта, портокалова па црвена.
Според американскиот Национален центар за атмосферско истражување, овој природен феномен се случува во моментот кога дел од зракот светлина кој влегува во капка дожд ќе се рефлектира по втор пат во капката, пред да излезе од неа. Тогаш, го гледаме и второто виножито. Горниот лак е поблед од првиот бидејќи повеќе светлина се губи низ две рефлексии, отколку во една, а воедно и бидејќи самото виножито е распослано на поголема небесна површина.
Уште поредок феномен е кога две виножита се раздвојуваат од една заедничка точка. Во овој случај, боите на второто виножито не се распоредени по обратен редослед, туку двете виножита имаат ист распоред на бои.
Погледнете ги и останатите прекрасни фотографии од двојни виножита, уловени на различни локации ширум светот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.