Спектакуларно ѕвездено небо ја искажува суштината на Универзумот

Спектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на Универзумот

Мистериозната убавина на Универзумот над нас може да се види само во одредени услови и на одредени места до кои ретко кој од нас има пристап. Но, астрофотографот Николас Буер имал среќа да го најде вистинското место од каде што Универзумот се открива себеси во целиот свој сјај.

Спектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на Универзумот

Преку своите леќи, Буер го приближува своето искуство до гледачите. Тој прави слики од фасцинантен свет на неизмерна бескрајност која исчезнува кога сонцето ќе се појави. Неговата огромна колекција на фотографии е преполна со живи бои и брилијантни светла кои се расфрлани насекаде ширум небото. Со многу трпеливост и долга експозиција, Буер успеал да ја долови суштината на секое од овие места. Неговите фотографии се во хармонија со околината и гледачите можат дури и да го почувствуваат мирот и тишината во нив.

„Набљудувањето на ноќното небо отсекогаш ме исполнувало со чувство на чудење. По напредокот на DSLR технологијата имав можност да го сликам ноќното небо на начини на кои претходно мислев дека се невозможни и откако ја направив мојата прва успешна фотографија од Млечниот пат, едноставно се заразив,“ вели Буер.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар