Совршено уреден стан од 22 метри квадратни
Иако многу луѓе својот дом од соништата го замислуваат како голема и пространа резиденција, во која има голем број соби и дизајниран мебел, има и онакви кои преферираат скромна, многу помала и едноставна верзија од овој сон.
Тим Сегермен од Бруклин, го уредил ова мало станче во Менхетен изработувајќи го целиот мебел рачно. Во овој стан од 22 квадрата можете да видите многу генијални и специфични решенија. При изработката Тим употребувал полно дрво и успеал и покрај малата квадратура да не го задуши просторот, а домот делува топло и удобно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
samo da pushtish edno chkorche i ojde :3