Совршени боди арт илузии
Човечкото тело најверојатно е најкомплицираното место за сликање, платно кое дише, чувствува и се движи. Но, за 25-годишната германска уметница Gesine Marwedel не претставува никаков проблем да ја оживее својата уметност користејќи го секој дел од телото на моделите. Само со својата вештина и магијата на боите, оваа девојка толку умешно слика животни и пејзажи што тешко е да се поверува дека се насликани на нечие тело.
Самата нагласува дека боди артот е една од првите и најоригиналните форми на уметност којашто првично била користена во традиционалните обичаи и церемонии. Денес е сè повеќе признаена како уникатен начин да се трансформира телото во жива уметност во движење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.